Пост
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пост — воздржување од храна (или само некои видови на храна) во оние денови кои се одредени според каноните односно црквата. Постот и молитвата ги осветил и ни ги подарил Господ, Исус Христос, од времето кога постеше во пустината четириесет дена и четириесет ноќи и често се повлекуваше насамо на молитва. Оттогаш па наваму, постот и молитвата во Црквата се запазуваат и се живеат како една од нашите најголеми светости.
Христијаните кои побожно и редовно го запазуваат постот, го прават тоа како подготовка за Света Причест со Телото и Крвта Христови. Најстрог пост има во Исламската вера и Православното Христијанство. Во Католичката црква, постот не е толку значителен како во православието.