Последици од Првата светска војна
From Wikipedia, the free encyclopedia
По завршувањето на Првата светска војна вкупниот број на воени и цивилни жртви изнесувал околу 40 милиони луѓе. Иако бројот на жртви е предмет на бројни расправи, проценките се дека околу 15 до 19 милиони се убиени и околу 23 милиони припадници на војските биле ранети. Со тоа несомнено се рангира меѓу најсмртоносните конфликти во човековата историја. Околу две третини од воените смртни случаи во Првата светска војна се случиле во битка. Сепак, болестите, вклучително и пандемијата од 1918 година довеле до една третина од вкупните воени смртни случаи за сите војувачки страни. Дури 6 милиони луѓе биле запишани како исчезнати.