Послание на апостол Јуда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Послание на апостол Јуда — последното послание во Новиот завет. Традиционално му се припишува на апостолот Јуда, брат на Исус и апостолот Јаков Праведниот.
Ова кратко послание е напишано на коински грчки. Во него жестоко се осудуваат извесни луѓе кои авторот ги гледа како закана за ранохристијанската заедница, но оние противници ги опишува само во општи црти. Според Јуда, противниците се наоѓаат во самата христијанска заедница, но не се вистински христијани: тие се подбивачи, лажни учители, незадоволници, предадени на похотите итн. Посланието ги уверува читателите дека на таквите Бог наскоро ќе им суди. Можно е овие луѓе да им биле познати на примачите на посланието, но денес тоа е нејасно. Вели дека овие противници ги омаловажуваат ангелите и нивната улога. Ако тоа било во нивната идеологија, тогаш можно е дека ова послание е во противтежа на Посланието до Колосјаните. Во Колосјаните се осудуваат оние што непотребно ги обожаваат ангелите; ова би значело дека тие посланија се дел од ранохристијански спор околу ангелологијата.