Пол Семјуелсон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пол Ентони Семјуелсон (роден на 15 мај 1915 – умрел на 13 декември 2009) беше американски економист и првиот американец кој ја добил Нобеловата награда за економија. Кога ја добил наградата, шведската кралска академија изјавила дека тој „има направено повеќе од било кој друг економист за подигнување на нивото на научни анализи во економската теорија“.[1] Економскиот историчар Рендал И. Паркер го нарекува „таткото на модерната економија“.[2]
Кејнзенова економија | |
---|---|
Роден | 15 мај 1915 |
Починал | 13 декември 2009 |
Националност | Американец |
Установа | МИТ |
Поле | Макроекономија |
Алма матер | Универзитет Харвард (Д-р) Универзитет во Чикаго |
Противник на | Фридман |
Влијанија од | Кејнз • Шумпетер • Лионтиф • Хаберлер • Хенсен • Вилсон • Виксил • Линдал |
Влијаел врз | Фишер • Клеин • Мертон • Сабрамениан |
Придонеси | Неокласична синтеза Математичка економија Економска методологија Теорија на откриена предност Теорија на меѓународна трговија Теорија на економски раст Теорија на јавни добра |
Награди | Медал Џон Бејтс Кларк (1947) Нобелова награда за економија (1970) |
Тој е автор на најпродаваните економски учебници на сите времиња како на пример книгата „Economics: An Introductory Analusis“ која е за првпат издадена во 1948. Таа е вториот амрикански учебник кој ги објаснува приципите на Кејнзеновата економија и како да се размислува во областа на економијата, а е и првата успешна книга во овој домен на науката[3] и сега се наоѓа во нејзиното деветнаесетто издание продадено во над 4 милиони примероци на 40 јазици. Џејмс Потерба, поранешен раководител на одделот за економија во МИТ, изјавил дека преку неговата книга Семјуелсон „остава огромно наследство како истражувач и учител, еден од гигантите на чии рамена се потпираат сите современи економисти“.[1] Во 1996 кога Семјуелсон бил награден со националниот медал за наука, претседателот Бил Клинтон го пофалил за неговите „фундаментални придонеси во економската наука“ во последователните 60 години.[1]
На 16 годишна возраст започнал со учење на универзитетот во Чикаго, односно за време на продлабочената голема депресија, а неговиот докторат го добил од Харвард. На 25 години, односно по дипломирањето, станал асистент на професор по економија во МИТ, а на 32 години станал самостоен професор. Во 1966 бил именуван за институционален професор, највисоката почест на МИТ.[1]
Својата кариера ја довршил во МИТ каде што се потрудил да го претвори неговиот оддел за економија во светски реномирана институција со тоа што ќе привлече други познати економисти да му се приклучат на факултетот, меѓу кои биле и Роберт М. Солоу, Франко Модиглијани, Роберт К. Мертон и Џозеф И. Стиглиц, сите овие ја освоиле Нобеловата награда.[4]
Семјуелсон служел и како советник на претседателите Џон Ф. Кенеди и Линдон Б. Џонсон и бил консултант во министерството за финансии на САД, буџетското одделение, а, исто така, тој бил и член на претседателскиот совет на економисти. Неделно пишувал колумни за магазинот „Newsweek“ заедно со економистот Милтон Фридман од училиштето Чикаго каде што Семјуелсон ја застапувал Кејнзовата перспектива, а Фридман ја застапувал монетаристичката перспектива.[5] Пол Семјуелсон умрел на 13 декември 2009, на возраст од 94 години.