Полисахарид
From Wikipedia, the free encyclopedia
Полисахариди се јаглехидрати кои настануваат кога стотини или илјадници молекули од моносахариди се сврзуваат меѓусебно со гликозидна врска. Со натрупувањето на толку голем број на молекули во една голема честица, се менуваат основните особини на шеќерот: полисахаридите немаат сладок вкус, не се раствораат во вода, туку само набабруваат и ги имаат сите особини на колоидните големи молекули.
Природните полисахариди се делат на скелетни или структурни, кои им служат на растенијата или животните како потпорно ткиво за одржување на цврстите механички структури и на хранливи, кои се резервна храна. Меѓутоа, има и многу други полисахариди кои не можат да се вклопат во оваа класификација.
Друга, доста честа поделба на полисахаридите е на растителни (фитополисахариди) и животински (зоополисахариди).