Покраини и територии во Канада
From Wikipedia, the free encyclopedia
Покраините и териториите на Канада се првостепени административни единици во земјата. Постојат 10 покраини и 3 територии. Главната разлика помеѓу нив е во тоа што покраините имаат своја самобитност, додека пак териториите ѝ се потчинети непосредно на сојузната влада. Покраините се сметаат за косуверени делови, секоја со своја „Круна“, која ја претставува намесен гувернер (lieutenant-governor). Териториите не се суверени, туку претставуваат обични делови од државата. На чело на секоја територија стои комесар (commissioner).
Десетте покраини се Алберта, Британска Колумбија, Квебек, Манитоба, Нова Шкотска, Њу Бранзвик, Њуфаундленд и Лабрадор, Онтарио, Островот Принц Едвард и Саскачеван. Трите територии се Јукон, Нунавут и Северозападните Територии.