Плимут (Монтсерат)
напуштен главен град на Монтсерат / From Wikipedia, the free encyclopedia
Плимут (англиски: Plymouth) — напуштен град на островот Монтсерат, британска прекуморска територија во Малите Антили на Карибите.
Кратки факти Плимут Plymouth, Земја ...
Плимут Plymouth | |
---|---|
напуштен град | |
Плимут во 2006 г. | |
Плимут во рамките на Монтсерат | |
Земја | Обединето Кралство |
Прекум. територија | Монтсерат |
Население (2016) | |
• Вкупно | 0 |
4.000 жит. пред евакуацијата | |
Час. појас | AST (UTC-4) |
Затвори
Гратчето е изградено врз наслаги од лава близу неактивниот вулкан Суфриер. Населението е евакуирано во 1995 г. кога вулканот почнал да избива по многу долго време мирување, иако со векови бил единствено пристаниште за приод кон островот. Плимут е трајно напуштен во 1997 г. откако е потрупан со вулканска пепел и изгорел со низа пирокластични текови и лахари . Денес сè уште формално важи за главен град на Монтсерат, со што е едиствениот напуштен град со ваков статус во светот. Управните установи се сместени во селото Брејдс во северниот дел на островот.