План на ОН за поделба на Палестина
From Wikipedia, the free encyclopedia
План на Обединетите нации за поделба на Палестина — предлог на Обединетите нации, кои предложиле поделба на Палестина по завршувањето на британскиот мандат. На 29 ноември 1947 г., Генералното собрание на ОН го усвоило планот како Резолуција 181 (II).[1]
Со резолуцијата било предвидено создавање на арапска и еврејска држава и посебен меѓународен режим за градот Ерусалим. Планот за поделба, документ од четири дела приложен кон резолуцијата, предвидувал прекин на британскиот мандат, прогресивно повлекување на Британските вооружени сили и демаркација на границата помеѓу двете држави и Ерусалим.
Предложениот план се сметал за проционистички од неговите противници, со тоа што 62 % од земјата би била доделена на еврејската држава и покрај тоа што палестинското арапско население броело двојно повеќе од еврејското.[2]