Планинска улулајка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Планинската улулајка (Кафеав ут), (науч. Strix aluco) е набиена, средно голема утка која е честа низ шумите на цела Евроазија. Долните делови ѝ се светли прошарани со темни линии, а горните делови ѝ се кафеави или сиви. Неколку од единасетте подвида ги имаат двете варијанти. Гнездото типично е во дупка во дрво каде се заштитени јајцата и пилињата од потенцијалните грабливци. Оваа утка не е преселница и е многу територијална. Многу млади птици гладуваат ако не можат да најдат своја територија, откако ќе заврши родителската грижа.
Планинска улулајка | |
---|---|
Кафеава птица, веројатно од подвидот Strix aluco aluco | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Утковидни |
Семејство: | Утки |
Род: | Strix |
Вид: | Планинска улулајка |
Научен назив | |
Strix aluco Linnaeus, 1758 | |
Оваа ноќна граблива птица лови претежно глодачи, обично „паѓајќи“ од гранката на која седи и од каде го здогледува пленот, а во поурбаните средини исхраната опфаќа поголем процент птици. Видот, слухот и тивкиот лет се адаптирани за ноќен лов. Може да лови помали утки, но самиот е жртва на поголемите.
Иако многу луѓе веруваат дека овој ут има посебно силен ноќен вид, сепак, неговата мрежница не е почувствителна од човечката. Всушност, асиметричните уши се клучни за ловот и му даваат правец од каде нешто се движи. Неговите ноќни навики се застрашувачки, а огласувањето лесно се имитира, па затоа дошло до митската асоцијација на овој ут со несреќа и смрт.