Планинска тресиопашка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Планинската тресиопашка (науч. Motacilla cinerea) е мала птица од семејството на тресиопашките (Motacillidae). Видот е сличен на жолтата тресиопашка, но жолтото на долните делови е ограничено само на грлото и задникот. Во сезоната на размножување, мажјаците имаат црно грло. Видот е широко распространет, со неколку популации низ Европа и Азија кои се селат во тропските предели на Азија и Африка. Вообичаено можат да се видат на отворените мочурливи места, каде одат сами или во пар по земјата и ловат инсекти. Како и другите птици од ова семејство и овој вид ја тресе својата опашка, лета ниско со брзи свртувања и има остар повик, најчесто во лет.
Кратки факти Планинска тресиопашка, Заштитен статус ...
Планинска тресиопашка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Тресиопашки |
Род: | Motacilla |
Вид: | Планинска тресиопашка |
Научен назив | |
Motacilla cinerea Tunstall, 1771 | |
Синоними | |
Motacilla melanope |
Затвори