Планина Пеле
активен вулкан на Малите Антили / From Wikipedia, the free encyclopedia
Планина Пеле или Мон Пеле (француски: Montagne Pelée; антилски креолски: Montann Pèlé; што се преведува како „ќелава планина“ или „излупена планина“)[3] ― активен вулкан на северниот дел од Мартиник, остров и француски прекуморски департман во вулканскиот лак на Малите Антили на Карибите. Неговата вулканска купа е составена од стратумирани слоеви на стврднат пепел и зацврсната лава.[4] Неговата последна ерупција била во 1932 година.[5]
Планина Пеле | |
---|---|
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1397 м [1] |
Истакнатост | 1381 м |
Координати | 14°49′N 61°10′W |
Име | |
Изговор | француски: [pəle] |
Географија | |
Место | Мартиник |
Геологија | |
Старост на карпата | 89+ |
Вид | Стратовулкан |
Вулкански лак/појас | Вулкански лак на Мали Антили |
Последен избув | 1929–1932[2] |
Искачување | |
Најлесен пат | пешачење |
Ерупцијата на стратовулканот во 1902 година го уништила градот Сен Пјер, а за некулку минути убила од 29.000 до 30.000 луѓе; ова било најголемата вулканска катастрофа во 20 век. Од главната ерупција, на 8 мај 1902 година, преживеале само тројца жители на градот. Луџер Силбарис преживеал затоа што бил во лошо проветрувана затворска ќелија, слична на зандана. Леон Компер, кој живеел на периферијата од градот, избегал со тешки изгореници.[6] Хавивра Да Ифриле била млада девојка која со чамец побегнала во блиската морска пештера, издржувајќи ги изгорениците од пепелот кој паѓал. [7]
Во 2023 година, Планината Пеле била ставена на списокот на светско наследство од УНЕСКО.[8]