Пи-врска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пи-врска (π-врска) — ковалентна хемиска врска, во која две резни на орбитала на еден атом се преклопува со две резни на орбиталата на друг, и каде преклопот е страничен. Секоја од овие атомски орбитали има електронска густина нула и заедничка јазолна рамнина која минува низ двете сврзани јадра. Таа е јазолна рамнина и за молекулската орбитала на пи-врската. Пи-врските можат да образуваат во двојни и тројни врски, но не се образуваат во единечни врски во највеќето случаи.
Грчката буква π во името на врската се однесува на p-орбитали, бидејќи орбиталната симетрија на пи-врската е иста со онаа на p-орбиталата гледана надолу долж оската на врската. Еден чест облик на ваквото сврзување ги вклучува самите p-орбитали, иако d-орбиталите исто така прават пи-сврзување. Второспоменатиот режим сочинува дел од основата на повеќекратното сврзување на метал со метал.
Пи-врските обично се послаби од сигма-врските. Двојната јаглеродно-јаглеродна врска (C-C), сочинета од една сигма- и една пи-врска,[1] има помала енергија на врската од онаа на единечната врска C-C, што укажува на тоа дела стабилноста која ја додава пи-врска е помала од стабилноста на сигма-врска. Гледано квантномеханички, слабоста на оваа врска се должи на значително помалиот преклоп помеѓу составните p-орбитали поради нивната напоредна насоченост. Ова се разликува од сигма-врските кои образуваат сврзувачки орбитали непосредно помеѓу јадрата на атомите, поради што се добива поголем преклоп и силна сигма-врска.
Пи-врските настануваат со преклоп на атомски орбитали кои се во допир преку две подрачја на преклоп. Пи-врските се пораширени врски отколку сигма-врските. Електроните во пи-врските понекогаш се нарекуваат пи-електрони. Молекулските фрагменти споени со пи-врска не можат да се вртат околу таа врска без да ја нарушат пи-врската, бидејќи со вртењето би ја уништиле напоредноста на составните p-орбитали.
Кај еднојадрените двоатомски молекули, само една јазолна рамнина минува низ π-сврзаните атоми, а немаат јазолни рамнини помеѓу сврзаните атоми. Соодветната антисврзувачка или π* молекулска орбитала, е дефинирана од присуството на дополнителната јазолна рамнина помеѓу овие два сврзани атоми.