Пипин Малиот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пипин (или Пепин) (починал на 24 септември 768), наречен Малиот (или „Кусиот“, од Pépin le Bref)[1] или Помладиот (Pippin der Jüngere), поретко Велики (Pippin der Grosse),[2] бил првиот крал на Франките (752–68) од Каролиншката династија. Во 741 тој и неговиот брат Карломан го наследиле нивниот татко, Карло Мартел, како мајордоми на Палатата и de facto владетели на кралството во текот на интерегнумот (737–43). По повлекувањето на Карломан (747), Пипин добил дозвола од папата Захариј да го тргне последниот од меровиншките кралеви, Хилдерик III, и да го заземе престолот (752). Бидејќи бил крстен по неговиот дедо, Пипин од Херистал, кој пак исто така бил крстен по неговиот дедо, Пипин од Ланден, двајцата мајордоми на палатата, Пипин Малиот некојпат бил нарекуван и Пипин III.
Пипин Малиот | |
---|---|
Крал на Франките, Мајордом на Палатите на Неустрија и Аустразија | |
Денар искован во Троја за време на владеењето на Пипин. R е за rex (крал) а P е за Пипин. | |
На престол | 752–768 |
Претходник | Хилдерик III |
Наследник | Карло Велики Карломан I, владетел заедно со Карло Велики |
Роден(а) | 714 веројатно - Жипиј на Меза (сега дел од Лиеж) |
Починал(а) | 24 септември 768 (возраст 54) |
Династија | Каролинзи |
Татко | Карло Мартел |
Мајка | Ротруда од Трир |