Петровиќ-Његош
From Wikipedia, the free encyclopedia
Династија Петровиќ-Његош [белешка 1] била истакната духовна и световна фамилија (братство) [белешка 2] од црногорското племе Његоши во Катунската нахија. Таа дала повеќе истакнати духовни и световни водачи кој управувале или владееле со Црна Гора во текот на XVIII, XIX и почетокот на XX век.
Династија Петровиќ-Његош | |
---|---|
Претходна династија | Црнојевиќи |
Земја | Црна Гора |
Основана | 17 век |
Основач | Данило I Петровиќ Његош |
Последен владетел | Никола I Петровиќ |
Титули |
|
Имот | Црна Гора |
Распад | 1918 |
Власта на Османлиското Царство на територијата на Црна Гора била ограничена, особено во планинските предели на оваа земја. Кон крајот на 16 и почетокот на 17 век, султанот и Високата порта ја признале и прошириле автономијата на Црна Гора, а самоуправните органи добиле сè поголемо значење и биле признати за официјални престваници на Црногорците. Османлиите ја препуштиле власта на црногорскиот митрополит и владика. Во 1697 година, Данило I Петровиќ Његош од страна на Црногорското општо собрание бил избран за владика, а во 1700 година бил потврден од патријархот Арсеније III Црнојевиќ. Данило I бил првиот избран владика од куќата Петровиќ-Његош, а воедно и последен владика кој бил избран од Црногорското општо собрание, по неговиот избор за владика, станало традиција владичкото место да се наследува во куќата Петровиќ-Његош, од чичко на внук.
Владиците од куќата Петровиќ-Његош станале едни од главните предводници на борбата на Црногорците за целосна независнот. Кон крајот на 18 и почетокот на XIX век, се истакнал владиката Петар I Петровиќ Његош кој како сојузник на рускиот цар Александар I, особено жестоко постапувал со војниците на Наполеон, кој скитале низ Црна Гора. Прв голем претставник на куќата Петровиќ-Његош бил владиката Петар II Петровиќ - Његош, поет и деликатен политичар кој бил на власт во периодот помеѓу 1830 - 1851 година. Тој ја прифатил патриотската политика на своите претходници и отворено ги поддржувал сите востанија во Херцеговина и Албанија против Османлиското Царство.
Неговиот внук, Данило II не припаѓал на свештенството и во 1852 година со помош на Руското царство се прогласил за кнез на Црна Гора [1]., прв световен владетел од куќата Петровиќ-Његош. Данило започнал со модернизација на Црна Гора: го зацврстил својот авторитет, разбојништвото и крвната освета меѓу црногорските племиња биле забранети и објавил граѓански законик по француски модел. Во 1858 година, неговиот брат Мирко Петровиќ Његош кај Грахово ги поразил османлиските сили со што била зацврстена самостојноста на Црна Гора. Во 1860 година, Данило II бил убиен во Котор.
Внукот на Данило, Никола I бил малолетен и во негово име управувал неговиот татко Мирко Петровиќ Његош. Во 1863 година, османлиските власти во Црна Гора го испратиле Омер Паша со 60 000 војници за да ги скроти Црногорците. Османлискиот притисок бил жесток, меѓутоа благодарение на големите сили, Црногорците ја сочувале својата самостојност. Во 1875 година, за време на востанието во Босна и Херцеговина, Црногорците испартиле помош за востаниците, а полнолетниот Никола I склучил сојуз со српскиот владетел Милан Обреновиќ против Османлиското Царство. Со Берлинскиот конгрес од 1878 година, Црна Гора добила целосна независност. Никола I ги продолжил реформите на својот чичко, ја реорагизирал државната администрација, во 1905 година, донел устав, меѓутоа се истакнувал со својот автократизам. Својата најстара ќерка, Зорка ја омажил за Петар I Караѓорѓевиќ, Милица за големиот руски војвода Петар, Анастасија - првиот пат ја оженил за војводата Ѓорѓија од Лихтемберг, а подоцна за рускиот војвода Николај. Неговата пета ќерка, во 1897 година, станала сопруга на Франц Јосиф Батенберг. Четвртата ќерка, во 1896 година, Никола I ја омажил за принцот Виктор Емануел Савојски, син на италијанскиот крал Умберто I. На пеесетгодишнината од своето владеење, во 1910 година Никола I се крунисал за крал на Црна Гора, прв и последен од куќата Петровиќ-Његош. Никола I ја предводел Црна Гора во Балканските војни. Положбата на кралот Никола I и династијата Петровиќ-Његош се усложнила со започнувањето на Првата светска војна. Во февруари 1916 година во Битката кај Мојковец, црногорската армија била поразена од австроунгарските сили, Никола I се обидел да издејствува сепаратен мир со Австроунгарија со цел да ја одвои судбината на Црна Гора од Србија, меѓутоа под притисок на црногорските првенци, се качил на брод во Котор и заминал за Франција. Никогаш повеќе Никола I не се вратил во Црна Гора. Со Версајскиот мировен договор, Црна Гора престанала да постоие како независна држава и станала дел од Кралството СХС, под скипатарот на династијата Караѓорѓевиќ. Никола I починал во 1923 година, а на неговиот погреб не присуствувале неговите зетови: Виктор Емануел III и Петар I Караѓорѓевиќ. Династија Петровиќ-Његош повеќе не биле владетелска куќа на Црна Гора.
Во пролета 1941 година, Кралството Југославија било уништено од Хитлер, а кралството Црно Гора повторно било возобновено како италијански протекторат. Мусолини, црногорскиот престол му го понудил на кнезот Михајло, син на принцот Мирко, кој пак бил втор син на Никола I. Меѓутоа, кнезот Михајло го одбил овој предлог. Престолот му бил понуден на принц од Савојската куќа која имала наследни права на куќата Петровиќ-Његош преку италијанската кралица Елена, сопруга на Виктор Емануел III и ќерка на Никола I. Синот на Михаило Петровиќ Његош, Никола II Петровиќ кој роден во 1944 година во Франција е претендент на црногорскиот престол [2].