Песок
From Wikipedia, the free encyclopedia
Песокот е природен зрнест материјал што се јавува како маса од ситни камчиња[1] од карпесто или минерално потекло. Составот на песокот во голема мера се разликува од место до место, зависно од релјефот и условите. Во нетропски брежни средени начест составен елемент е силициум диоксидот (SiO2), обично во облик на кварц.
Оваа статија се однесува на природен материјал. За местото за проби на Википедија, погл. Википедија:Песок.
Втор облик на песок по застапеност е калциум карбонатот, као на пример арагонит, создаден во текот на изминатите половина милијарда години претежно од разни живи суштества како што се коралите и школките. Ова е главниот вид на песок во подрачја каде доминирале гребенски екосистеми со милиони години, како што се Карибите.