Перуанско-боливиска Конфедерација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Перуанско-боливиска Конфедерација — краткотрајна држава која постоела во Јужна Америка помеѓу 1836 и 1839 година. Земјата била лабава конфедерација помеѓу државите Перу, поделена на Северно Перу и Јужно Перу и Боливија како Боливиска Република,[1] со главниот град сместен во Такна. Формирањето на Перуанско-боливиската Конфедерација било лично под влијание на маршалот Андрес де Санта Круз, претседателот на Боливија, кој служел како прв и единствен шеф на државата со титула „Врховен заштитник“.
Перуанско–боливиска Конфедерација | ||||||
Confederación Perú-Boliviana | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Гесло Firme por la Unión | ||||||
Химна Државна химна на Перу | ||||||
Главен град | Такна | |||||
Уредување | Конфедерална претседателска република | |||||
Врховен Заштитник | ||||||
- | 28 октомври 1836 - 20 февруари 1839 | Андрес де Санта Круз | ||||
Историја | ||||||
- | Основана | 28 Октомври 1836 | ||||
- | Распадна | 25 Август 1839 | ||||
Валута | Перуански реал, Боливиски сол | |||||
На Перуанско-боливиската Конфедерација уште од своето основање и се спротивставиле соседните земји, особено Чиле и Аргентина, како потенцијална воена и економска закана и поради нејзината поддршка на дисидентите во егзил. Конфедерациската војна започнала веднаш по нејзиното формирање кога Чиле и Аргентина независно ја нападнале земјата. Аргентина била поразена во 1837 година, но здружените сили на Чиле и северноперуанските дисиденти победиле во битката кај Јунгај во јануари 1839 година, која ставила крај на конфедерацијата бидејќи Перу и Боливија биле обновени како независни држави, и Санта Круз побегнал во егзил. Перуанско-боливиската Конфедерација била официјално прогласена за распуштена на 25 август 1839 година, од страна на генералот Агустин Гамара по неговото назначување за претседател на Перу.