Перси Биш Шели
From Wikipedia, the free encyclopedia
Перси Биш Шели (англиски: Percy Bysshe Shelley; 4 август 1792 - 8 јули 1822 ) — еден од главните англиски романтичарски поети и нашироко сметан за еден од најдобрите лирски поети кои твореле на англиски јазик.[2][3] Перси Шели е познат по соработката со Џон Китс и Џорџ Гордон Бајрон, како и по бракот со неговата втора жена романописецката Мери Шели.
Перси Биш Шели | |
---|---|
Портрет на Шели
(1819) | |
Изворно име | Percy Bysshe Shelley |
Роден/а | 4 август 1792(1792-08-04) Хоршам, Сасекс, Англија[1] |
Починат/а | 8 јули 1822(1822-07-08) (возр. 29) Леричи, Кралство Сардинија (денес Италија) |
Занимање | поет, драматург, есеист, романописец |
Книжевно движење | романтизам |
Сопруг/а | Мери Шели |
Потпис |
Тој е можеби најпознат по антологиските дела како Озимандија, Ода за западниот ветер, За чучулигата и Маска на анархијата. Како и да е, неговите главни дела биле долги визионерски поеми, вклучувајќи ги Аластор, Адонис, Ослободениот Прометеј и недовршената Триумф на животот. Неконвенционалниот живот на Шели и некомпромитирачкиот идеализам, комбинирани со неговиот силен скептичен глас, го направиле позната и многу почесна фигура во неговиот сопствен живот. Тој станал идол на следните две или три генерации на поети (вклучувајќи ги и главните викторијански поети Роберт Браунинг, Алфред Тенисон, Данте Габриел Росети, Алгернон Чарлс Свинберн, Вилијам Батлер Јејтс и Субрамања Бхарати).[4]
Перси Шели е син на Тимоти Шели, подоцна втор барон на Замокот Горинг, и неговата сопруга Елизабет Пилфолд. Тој израснува во Сасекс и го добива првобитното образование дома. Во 1802 г., Шели се запишува во училиштето во Брентфорд, а во 1804 г. во колеџот Итон. Во 1810 г. Шели се запишува на Оксфордскиот универзитет.