Пери Комо
американски пејач, глумец и телевизиски водител (1912-2001) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Пјерино Роналд „Пери“ Комо (англиски : Pierino Ronald „Perry“ Como; 18 мај 1912 - 12 мај 2001) ― еден од најпознатите американски поп-пејачи од средината на 20 век, а бил познат и како глумец и телевизиски водител. За време на неговата кариера снимал песни исклучиво за RCA Victor, со кои имал договор од 1943 до 1987 година.[1] Негови најпознати песни се: Catch a Falling Star, Magic Moments и Papa Loves Mambo.
Бил нарекуван „Мистер Си“ и се смета дека продал над 100 милиони плочи ширум светот,[2] [3] [4] а бил пионер на неделно музичко естрадно телевизиско шоу. Неговите неделни телевизиски емисии се емитувале низ цел свет.
Од 1955 до 1959 година Комо добил пет Еми награди,[5] а во 1956 година и „Награда Кристофер“. Во 1956 година, исто така, со неговата пријателка Џеки Глисон ја поделил „Наградата Пибоди“.[6] [7] Во 1987 година ја добил „Наградата на Центарот Кенеди“ и во 1990 година бил примен во Куќата на славните на Академијата за телевизиски уметности и науки.[8] [9] [10] Постхумно, Комо добил Греми наградата за животно дело во 2002 година и бил примен во Музичката куќа на славните на Лонг Ајленд во 2006 година.[11] Тој се истакнува со тоа што има три ѕвезди на Булеварот на славните во Холивуд за неговиот придонес во радиото, телевизијата и музиката.[12]