Пенис
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пенис (латински: penis, во превод „опашка“) — главен полов орган на машките и хермафродитските животни. Органот се користи за оплодување на женката или хермафродитот за време на парењето.[1] Пенисот се сретнува кај голем број животни, како ’рбетници, така и безрбетници. Сепак, важно е да се напомене дека пенисот не е орган кој го поседува мажјакот кај одредени видови животни. Пенисот се користи и за исфрлање на течни отпадни материи од организмот.
- Оваа е општа статија за пенис кај животните. За човековиот орган видете човеков пенис.