Пегниц
река во Германија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Пегниц (германски: Pegnitz) — мала река во Франконија, во сојузната покраина Баварија, Германија. Извира во истоимениот град, на надморска висина од 425 м и се влева во реката Редниц на висина од 283 м во Фирт. Оттука па натаму, реката се нарекува Регниц и на крај се влева во Мајна.
Кратки факти Пегниц, Изворно име ...
Пегниц | |
---|---|
Изворно име | Pegnitz (германски) |
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Регниц 49°29′11″N 10°59′12″E |
Должина | 79 км (102 км со Фихтеное) |
Особености на сливот |
Затвори
Мештаните го сметаат потокот Фихтеное (23 км) за дел (горно течение) на Пегниц. Фихтеное пак, извира во шумата Линденхарт северно од градот Пегниц.
Реката е долга околу 79 км, или 102 км ако се вклучи Фихтеное.
Во Пегниц живеат разни водни птици како патки, лиски, лебеди и галеби.