Патека на солзите
From Wikipedia, the free encyclopedia
Патеката на солзите се нарекува преселбата на индијанските племиња во САД од нивната земја на индијанската територија (денес Оклахома) во западниот дел на САД. Изразот потекнува од описот на преселбата на нацијата Чокто во 1831 година.[1] Многу од нив умреле од измрзнување, болести и глад на патот до новата територија. Само од племето Чероки умреле 4.000 од 15.000 кои тргнале на присилната преселба.[2]
- За патот на Исус Христос на брдото Голгота, каде што бил распнат на крст, види Патот на солзите
Во 1831 година, племињата Чероки, Чикасо, Чокто, Мускоги-Крик и Семиноли (сите заедно наречени и Пет цивилизирани племиња) живееле како автономни народи во јужниот дел на Америка. Процесот на „културна трансформација“ (предложен од Џорџ Вашингтон и Хенри Нокс) се случил токму тогаш.[3] Ендрју Џексон бил првиот американски претседател кој го спровел иселувањето на индијанските племиња со актот од 1830 година за иселување. Во 1831 година племето Чокто биле првите кои биле присилно преселени. После нив се преселени Семинолите во 1832 година, Крик во 1834 година, па Чикасав во 1837, и на крајот Чероките во 1838 година. До 1837 година, иселени се 46.000 американски староседелци од југоисточните територии. Племињата ѝ отстапиле на федералната влада над 100 милиони акри источна земја, а за возврат добиле околу 68 милиони долари и 32 милиони акри во далеку помалку гостопримливи земјишта западно од Мисисипи.[4][5]