Пастув
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пастув[1][2], ждребец[3][4], ајгар[5][6], нерез[7][8] или акалец[9][10] — нескопен (некастриран) коњ што се чува за расплод. Пастувите ја следат конформацијата и фенотипот на нивниот сој, но во рамките на тој стандард, присуството на хормони како што е тестостеронот може да им даде на пастувите подебел, „набиен“ врат, како и нешто помускулеста фигура во споредба со кобилите и скопените мажјаци.
Наравот се менува во голема мера врз основа на генетиката и обуката, но поради нивните нагони како стадо животни, тие можат да бидат склони кон агресивно однесување, особено кон другите пастуви и затоа бараат внимателно управување од страна на упатени ракувачи. Со соодветна обука и управување, пастувите се ефективни коњски атлети на највисоки рамништа во многу дисциплини, вклучувајќи трки со коњи, коњски изложби и меѓународни олимписки натпревари.