Парагвајска кампања
From Wikipedia, the free encyclopedia
Парагвајската кампања (1810–11), или во Парагвај позната и како Војна за независност[3], бил воен обид на воените сили на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата, предводени од Мануел Белграно, да ја заземат територијата на Парагвај, да ја припоат кон териториите на новосоздадената Обединети Покраини (и двете наследнички и исти по политичка тежина во Вицекралството Рио де ла Плата), сè во името на Мајската револуција. Првите битки на војната биле битката на Кампичуело и битката на Кампо Маракана, битки каде силите на Буенос Аирес забележале победи. Сепак, лаплатските сили биле уништени за време на следните битки, односно битката на Парагвари и битката на Такуари. Буенос Аирес забележал воен неуспех за време на оваа војна, а Парагвај првично се ослободил од влијанието на новосоздадената Обединети Покраини на Рио де ла Плата а подоцна и од шпанската колонијална власт во земјата. Ова е почетокот од процесот на целосна независност на Парагвај.
Парагвајска кампања | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Латиноамерикански војни за независност | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Обединети Покраини на Рио де ла Плата | Парагвај | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Мануел Белграно | Бернардо де Веласко Фулхенсио Јегрос |
||||||
Сила | |||||||
околу 1,000-2,000 луѓе [2] | Шпански трупи: околу 1,500 луѓе Парагвајски патриоти 3,500 луѓе |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
Околу 500-1,000 луѓе (убиени, ранети и затворени) | Околу 500-1,000 луѓе (убиени, ранети и затворени) |