Отоманско-византиски војни
From Wikipedia, the free encyclopedia
Отоманско-византиските војни претставуваат серија од воени конфликти помеѓу Отоманците и Византијците, кои довеле до конечно распаѓање на Византија како империја и до подем на Отоманското Царство.
Отоманско-византиски војни | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Византија Република Џенова Венецијанска Република
| Османлиско Царство |
Во 1204 година византиската престолнина Цариград била окупирена и опседната од страна на крстоносците во рамките на Четвртата крстоносна војна. ОВа претставувало важен момент на христијанскиот раскол меѓу истокот и западот. Византија по распаѓањето на повеќе земји останала поделена и во хаос[1]. Користејќи ја предноста на ситуацијата, Селџуците започнале со освојување на територијата во Западна Анадолија. Како главен нејзин конкурент бил еден од наследничките на Византија, Никејската империја. По повторното заземање на градот Цариград во 1261 година од страна на никејскиот цар, самата Византија била обновена. Но позициите на Византија на европскиот континент останале многу мали бидејќи на Балканот постоеле големи држави како Бугарија, Србија и Епир. Во следниот период започнале да се намалуваат позициите на Селџуците во Мала Азија, кое довело до распаѓање на империјата на неколку мали емиратства или бејлици. Едно од најсилните кое се покажало во иднина било онаа на бегот Осман, кој во 1299 година го дал почетокот на неговите идни освојувања[2]
Во рок од 50 години од основањето на Османлискиот бејлик, византиска Мала Азија престанала да постои, додека до 1380 била заземена византиска Тракија[3] а веќе во 1400-тите години, Византија се наоѓача во делови на Мореја, неколку егејските острови и дел од Тракија во непосредна близина на главниот град. По Никополската битка, инвазијата на Тимур во 1402 година и последната крстоносна војна кај Варна во 1444 година, Османлиите во 1453 година започнале успешна опсада на Цариград кое резултирало со конечно распаѓање на Византија.