Отомански устав (1876)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Отоманскиот устав (османлиски јазик: قانون اساسی, турски јазик: Kanun-ı Esasî) бил првиот сутав на Отоманското Царство кој бил донесен на 23 декември 1876 година во Цариград од страна на султанот Абдул Хамид II а бил напишан од страна на Младотурците. Овој устав бил првиот кој бил донесен во исламската држава и го означил крајот на Танзиматот. Уставот во сила бил во период од две години. Главна причина за воведување на уставот била признавањето на Митхат паша за потребата од нови реформи и проверка на силата на султанот во империјата.