Оргули
дувачки инструмент што произведува звук со спроведување на воздух под притисок низ цевки / From Wikipedia, the free encyclopedia
Оргулите (грчки: οργανον, латински: organum) се најголемите и најсложените музички инструменти и нивното потекло е од најстарите времиња.
Тие се аерофон инструмент составен од еднотонски свиралки, кои даваат звук со помош на воздух од мев, а се огласуваат со помош на клавијатура. Тонскиот распон им е гледајќи ја клавијатурата од C до, главно g3. Но, поради разновидноста на регистрите реалниот звучен распон е значително поголем: од 2C дури до g6, што исто така не е фиксирано. Тоа зависи од секој инструмент посебно.
Оргулите произведуваат широк спектар на звучни бои. Тој зависи од регистрите кои се наоѓаат на нив. Еден регистар содржи низа свиралки со иста боја и јачина. Бројот ма свиралки на еден регистар е еднаков на бројот на клавишот на мануалот. Регистрите можат да бидат тивки, темни, јасни, продорни, остри... Нив свирачот ги вклучува и спојува за да го добие посакуваниот звук.