Опсада на Пшемишл
From Wikipedia, the free encyclopedia
Битка кај Пшемишл, позната и како Опсада на Пшемишл била најдолга опсада во Првата светска војна, на Источниот фронт,[1] во која Австроунгарската војска доживеала тежок пораз. Опсадата започнала во септембври 1914 година, а накусо била запрена на 11 октомври 1914 година. Опсадата е продолжена на 9 ноември 1914 година. Гарнизонот со 110.000 австроунгарски војници им се предал на Русите на 22 март 1915 година по опсадата која траела 194 денови.