Опал
From Wikipedia, the free encyclopedia
Опал е хидратен аморфен облик на силициум диоксид. Учеството на вода во опалот се движи од 3 % до 21 %, но најчесто изнесува меѓу 6 % и 10 %. Поради неговиот аморфен облик, тој се класифицира како минералоид, за разлика од кристалните облици на силициумот кои се сметаат за минерали. Во природата, опалот може да се најде во кој и да било вид карпи, а најчесто се среќава заедно со лимонитот, песочникот и базалтот. Името „опал“ најверојатно е изведено од санскритскиот збор „упала“ (उपल) кој значи „накит“, а подоцна било изведено од грчкиот збор „опалиос“ (ὀπάλλιος) кој значи „да се види промена на бојата“.