Оноре де Балзак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оноре де Балзак (француски: Honoré de Balzac; 20 мај 1799 — 18 август 1850 ) — француски писател на романи и драми. За негово капитално дело се смета збирката романи Човечка комедија, која раскажува за животот во Франција по заминувањето на Наполеон. Се смета за еден од предводниците на реализмот во европската книжевност, поради прикажувањето на општеството такво какво е, и ликовите што имале сложен морален фоторобот. Дури и споредните ликови биле карактерно повеќеслојни, со етички двојби и целосно очовечени. Неговите дела влијаеле врз многу писатели, како Емил Зола, Чарлс Дикенс, Гистав Флобер, Хенри Џејмс и филозофот Фридрих Енгелс. Многу од романите на Балзак биле филмски преработени. Во неговата богата галерија од две илјади книжевни ликови се јавуваат пропаднати благородници,декларирани достоинственици на бонапартистичко царство, несреќни љубовници,, налудничави скржавци, вешти деловни лиѓе од новото опшество, пропаднати кариеристи, авантуристи, собари, собарки, декларирани чиновници, адвокати, попови, новинари,провинциски госпоѓици, нови богаташи, робијаши, офицери, војници, селани итн. Со своето грандиозно дело и за денешниот читател изгледа гигант и таков го замислил и го остварил големиот француски вајар Огист Роден.[1]
Оноре де Балзак Honoré de Balzac | |
---|---|
дагеротипија од Оноре де Балзак од 1842 | |
Роден/а | 20 мај 1799(1799-05-20) Тур, Франција |
Починат/а | 18 август 1850 (возраст: 51) Париз, Франција |
Занимање | писател, литературен критичар, новинар, издавач |
Жанр | роман, драма, есеј |
Книжевно движење | реализам |
Значајни дела | |
Сопруг/а | Евелина Ханска |
Потпис |