Оле Ејнар Бјорндален
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оле Ејнар Бјорндален (роден на 27 јануари 1974) е поранешен норвешки професионален биатлонец и тренер, и е наречен „Крал на биатлонот“. Со освоените 13 медали на Зимските олимписки игри, се наоѓа на второто место на списокот на повеќекратни освојувачи на медали зад Марит Бјорген која има освоено 15 медали.[1] Тој исто така е најуспешниот биатлонец на сите времиња на Светското првенство во биатлон, со освоени 45 медали. Со 95 [2] победи во Светскиот куп, Бјорндален е се наоѓа на првото место на вечната листа на победници во Светскиот куп во Биатлон. Шест пати ја освоил титулата во генерален пласман на Светски куп: во 1997–98, во 2002–03, во 2004–05, во 2005–06, во 2007–08 и во 2008–09.
Во 1992 година, го освоил својот прв медал во кариерата на светските првенства за јуниори. Една година подоцна, во 1993 година, откако освоил три титули на јуниорските светски првенства, Бјорндален дебитирал во Светскиот куп во биатлон. Во 1994 година на спринтерска трка одржана во Бад Гаштајн, Австрија прв пат застанал на подиумот од Светскиот куп. Дебито на Зимските олимписки игри Бјорндален го имал во Лилехамер во 1994 година, одржани во неговата родна земја Норвешка. На 20 февруари 2014 година, Бјорндален бил избран во спортската комисија на Меѓународниот олимписки комитет со осумгодишен мандат.[3] Тој поднел оставка на функцијата во 2016 година, бидејќи одлучил да ја продолжи својата кариера.[4]