Окупација на Смирна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Окупацијата на Смирна — воена контрола од страна на грчките сили на градот Смирна (денешен Измир) и околните области од 15 мај 1919 година до 9 септември 1922 година. Сојузничките сили ја поддржале окупацијата и создавање на зона околу Смирна (грчки: Ζώνη Σμύρνης) за време на преговорите за поделба на Отоманското Царство, поради заштита на етничкото грчко население кое живело во и околу градот. Грчкиот десант на 15 мај 1919 година бил прославен од локалното грчко население, но брзо резултирал со етничко насилство во областа. Ова насилство ја намалило меѓународната поддршка за окупацијата и довело до пораст на турскиот национализам. Високиот комесар на Смирна, Аристеидис Стергијадис, зазел цврст став против дискриминацијата врз турското население од страна на администрацијата; сепак, етничките тензии и дискриминацијата останале. Стергијадис, исто така, започнал со работа на проекти што вклучуваат преселување на грчки бегалци, ги удрил темелите на универзитет и некои проекти за јавно здравје. Смирна претставувала голема база на операции за грчките трупи во Анадолија за време на Грчко-турската војна (1919-1922).
Зона „Смирна“ Ζώνη Σμύρνης | |||||
Зависност на Грција | |||||
| |||||
Знаме | |||||
Главен град | Смирна | ||||
Висок комесар | |||||
- | 1919–1922 | Аристеидис Стергијадис | |||
Историски период | Грчко-турска војна (1919–1922) | ||||
- | Основана | 15 мај 1919 | |||
- | Укината | 9 септември 1922 | |||
Денес во | Турција |
Грчката окупација на Смирна завршила на 9 септември 1922 година со турското заземање на Смирна од страна на трупите командувани од Мустафа Кемал Ататурк. По турскиот напредок на Смирна, толпата го убила православниот епископ Хрисостомом од Смирна и неколку дена подоцна Големиот пожар во Смирна избувнал и големи делови од градот (вклучително и повеќето грчки и ерменски области) биле опожарени до темел. Проценетата смртност од грчки и ерменски извори е од 10.000[1][2][3] до 100,000.[4] . Со крајот на окупацијата на Смирна, во голема мерка завршила големата борба во Анадолија меѓу грчките и турските сили, а на 24 јули 1923 година, страните го потпишале Договорот од Лозана со кој се ставило крај на војната.