Окупација на Македонија во Втората светска војна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Окупацијата на Македонија во Втората светска војна била спроведена по капитулацијата на Кралството Југославија и Кралството Грција. Притоа, освен порано вклучениот Пирински дел на Македонија, Бугарија го анектира и најголемиот дел од Вардарскиот дел и дел од Егејскиот дел на Македонија (до реката Струма и островите Тасос и Самотракија), со вкупно 21.460 км2 и околу 876.000 жители.
Италија го доби најголемиот дел од Западна Македонија со градовите Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар и Струга, најголемиот дел од преспанските села и Костурско, Леринско и Кожанско во Егејскиот дел на Македонија, со вкупно 4.314 км2 и со околу 232 илјади жители. Во јули тоа окупационо подрачје било препуштено на анектирање од квислиншка Албанија. Така, Егејскиот дел на Македонија, кој дотогаш се наоѓаше под грчка власт, бил поделен под бугарска, италијанска и германска окупација (Солунско, Воденско и Гуменџиско).
Во бугарското окупациско подрачје имало околу 45 000 војници и чиновници, а на територијата под албанска окупација бил воведе данокот десеток од времето на османлиското владеење. Во Вардарскиот дел на Македонија, само во првата година од фашистичката окупација биле уапсени 1 937 лица, со 38 смртни пресуди. На бугарското окупационо подрачје, од 3.422 учители и наставници во училиштата со наметнатиот бугарски наставен јазик, имаше само 306 учители и наставници Македонци. Во италијанско-албанското окупационо подрачје бил воведен албанскиот јазик во администрацијата и во училиштата и за македонските деца.