Обичен кос
From Wikipedia, the free encyclopedia
Обичниот кос (науч. Turdus merula) е врапчевидна птица од семејството дроздови. Се размножува во Европа, вклучувајќи ја и Македонија, Азија и северна Африка, а населен е и во Австралија и Нов Зеланд. Има многу подвидови низ неговиот широк опсег, а некои од азиските веќе се сметаат за посебни видови. Зависно од местото на живеење (климата), оваа птица може да биде резидентна (постојан жител), преселничка, или делумно преселничка.
Обичен кос | |
---|---|
Возрасен мажјак | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Дроздови |
Род: | Дрозд |
Вид: | Обичен кос |
Научен назив | |
Turdus merula Linnaeus, 1758 | |
Распространетост |
Мажјакот од овој вид, кој е распространет низ цела Европа, е целиот црн, освен жолтиот клун и жолтиот прстен околу очите. Има богата мелодична песна. Женките и младенчињата имаат темнокафеаво перје. Косот се размножува во шуми и градини и изградува многу уредно, во облик на чаша, обрабено со кал, гнездо. Во поглед на исхраната се сештојади, хранејќи се со инсекти, црви, семе, плодови итн.
Двата пола се територијални на местото на размножување, со впечатлив заплашувачки однос кон потенцијалните напаѓачи. Подружељубиви се за време на преселбата или на местата каде што зимуваат.