Нортамбрија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нортамбрија (староанглиски: Norþanhymbra Rīċe; латински: Regnum Northanhymbrorum)[1] било раносредновековно англосаксонско кралство во денешна Северна Англија и Југоисточна Шкотска.
Кралство Нортамбрија | |||||
Norþanhymbra Rīċe | |||||
Обединето Англиско Кралство (пред 876) Север: Англиско Кралство (по 876) Југ: Данско кралство (876–914) Југ: Норвешко кралство (по 914) | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Нортамбрија околу 700 г. | |||||
Главен град | неукажан | ||||
Уредување | Монархија | ||||
Историја | |||||
- | Основана | 653 | |||
- | Југот е анексиран од Данелав | 876 | |||
- | Југот е освоен од нордиските војници | 914 | |||
- | Анексирано од Кралство Англија | 954 | |||
Името потекнува од староанглискиот збор Norþan-hymbre со значење „народот или провинцијата северно од Хамбер“,[2] за разлика од народот кој живеел јужно од естуарот Хамбер. Нортамбрија почнала да се оформува како кралство на почетокот од седмиот век, кога двете претходни основни територии Деира и Берниција создале династичка унија. За време на својата кулминација, кралството се протегало од Хамбер, округот Пик и реката Мерси на југ до Фирт оф Форт (сега во Шкотска) на север. Кралството Нортамбрија ја загубило својата независност во средината на десеттиот век кога Деира била освоена од Данците и било создадено Кралството Јорк. Ерлдомот од Бамбург ја задржал контролата врз Берниција одреден временски период; но областа северно од Твид подоцна била припоена кон средновековното Кралство Шкотска а делот јужно од Твид бил припоен кон Кралството Англија по што се формирале грофовиите Нортамберленд и Палатин Дурам .