Норман Мејлер
американски писател (1923 -2007) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Нахем Малех Мејлер (англиски: Nachem Malech Mailer; 31 јануари 1923 – 10 ноември 2007 година), познат по неговиот псевдоним Норман Кингсли Мејлер (англиски: Norman Kingsley Mailer) ― американски писател, новинар, драматург и режисер.
Норман Мејлер | |
---|---|
Норман Мејлер фотографиран од Карл Ван Вехтен во 1948 година | |
Роден/а | Нахем Малех Мејлер јануари 31, 1923(1923-01-31) Лонг Бранч, Њу Џерси, САД |
Починат/а | ноември 10, 2007(2007-11-10) (возр. 84) Њујорк, САД |
Занимање |
|
Апсолвент на | Харвард (додипломец) |
Период | 1941–2007 |
Потпис | |
Портал: „Книжевност“ |
Стекнал популарност со неговиот роман „Голи и мртви“ објавен во 1948 година. За романот Армии на ноќта од 1968 година добил Пулицерова награда за не-фикција и Национална награда за книга. Меѓу неговите најпознати дела е Песната на џелатот, добитник на Пулицерова награда за фикција во 1979 година.
Мејлер, заедно со Труман Капоти, Џоан Дидион и Том Волф, се смета за основоположник на „креативната не-фикција“ или „Ново новинарство“. Во 1955 година, бил еден од основачите на The Village Voice, неделен весник насочен кон уметноста и политиката, дистрибуиран во Гринич Вилиџ.
Во 1960 година, Мејлер бил осуден за напад и одлежал тригодишна условна казна откако за малку со нож ќе ја убиел неговата сопруга Адел Моралес. Во 1969 година, бил кандидат за градоначалник на Њујорк, но не успеал да победи на изборите.