Ница
град во Франција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ница (француски: Nice; окситански: Niça [класичен облик] или Nissa [нестандардно], италијански: Nizza или Nizza Marittima, грчки: Νίκαια, латински: Nicaea) — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион[1][2] и зафаќа површина од 721 км2.[1] Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.
Ница Nice | |||
---|---|---|---|
| |||
Координати: 43°42′N 7°16′E | |||
Земја | Франција | ||
Регион | Прованса-Алпи-Азурен Брег | ||
Департман | Приморски Алпи | ||
Округ | Ница | ||
Општ. заедница | Ница-Азурен Брег | ||
Управа | |||
• Градоначалник (2008–14) | Кристијан Естрози | ||
Површина1 | 71,92 км2 (2,777 ми2) | ||
Население (2014)2 | 343.895 | ||
• Ранг | 5. во Франција | ||
• Густина | 48/км2 (120/ми2) | ||
• Градскo (2013) | 1.004.826 | ||
INSEE/Пошт. бр. | 06088 / | ||
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Градот е наречен Nice la Belle (окситански: Nissa La Bella), што во превод значи Убавата Ница, а исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.
Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на оганот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никеја, по божицата на победата Ника.[3] Низ вековите, градот бил заземан многупати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.
Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (француски: Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот.[4] Сега со декади, сликовитата околина на Ница не ги привлекува само оние во потрага по одмор, туку и оние кои бараат инспирација. Чистиот воздух и пријатното светло особено ги привлекле некои од најдобрите сликари, како Марк Шагал, Анри Матис, Ники де Сен Фал и Арман. Нивните дела се прикажани во многуте градски музеи, вклучувајќи ги музејот „Марк Шагал“, музејот „Матис“ и музејот „Бо-Арт Жил Шере“.[5] Ница го има вториот најголем хотелски капацитет во земјата и е еден од најпосетените градови, посетувајќи го над 4 милиони туристи секоја година. Градот го поседува третиот најпрометен аеродром во Франција по двата аеродрома во Париз.[6] Таа е историски главен град на Грофовството Ница (француски: Comté de Nice).