Нил Дајмонд
американски кантавтор / From Wikipedia, the free encyclopedia
Нил Лесли Дајмонд (англиски: Neil Leslie Diamond; роден на 24 јануари 1941)[1] ― американски пејач и текстописец. Продал повеќе од 130 милиони плочи, што го прави еден од најпродаваните музичари на сите времиња.[2] [3] [4] Имал десет синглови на прво место на американските топ-листи Billboard Hot 100 и Adult Contemporary, а 38 негови песни се пласирале во топ-10. Тој глумел и во филмови, а на филмското платно дебитирал во музичкиот филм од 1980 година, Џез пејачот.
Нил Дајмонд | |
---|---|
Нил Дајмонд во 2012 | |
Роден(а) | Нил Лесли Дајмонд 24 јануари 1941(1941-01-24) (83 г.) Њујорк, САД |
Занимање |
|
Активен период | 1962–денес |
Деца | 4 |
Страница neildiamond.com |
Дајмонд бил примен во Куќата на славата на текстописците во 1984 година и во Куќата на славата на рокенролот во 2011 година, а во 2000 година ја добил наградата за животно дело Семи Кан. Во 2011 година, добил почести од Центарот Кенеди, а во 2018 година добил Греми награда за животно дело.[5]