Николета Киријакопулу
From Wikipedia, the free encyclopedia
Николета Киријакопулу (родена на 21 март 1986 г.) — грчка атлетичарка која е специјализирана во дисциплината скок со стап. Таа освоила бронзен медал на Светското првенство 2015 во Пекинг. Во 2015 година, таа пет пати го подобрувала грчкиот државен рекорд (во сала и на отворено) подигнувајќи ја границата на 4,83 метри.[1] Истата година, таа станала првата грчка атлетичарка која победила во Дијамантската лига.[2]
Кратки факти Лични податоци, Роден(а) ...
Николета Киријакопулу | |||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Роден(а) | 21 март 1986(1986-03-21) (37 г.) Атина, Грција | ||||||||||||
Висина | &100000000000001670000001,67 м | ||||||||||||
Тежина | 55 kg (121 lb) | ||||||||||||
Спорт | |||||||||||||
Земја | Грција | ||||||||||||
Спорт | Атлетика | ||||||||||||
Дисциплини | Скок со стап | ||||||||||||
Успеси и титули | |||||||||||||
Лични рекорди | 4.81 м (сала) 4.83 м (отворено) | ||||||||||||
Освоени медали
|
Затвори
Нејзин прв успех на големо натпреварување се случил во 2012 година, кога таа го освоила бронзениот медал на Европското првенство 2012 во Хелсинки. Претходно таа освоила златен медал на Средоземните игри 2009 со прескокнати 4.50 метри.