Независност на Парагвај
From Wikipedia, the free encyclopedia
Независноста на Парагвај е процес кој преку политички и воени дејствија современата држава Парагвај се изборила за сувереност и независност на својата територија и од шпанската империјалистичка власт. Процесот на независноста на Парагвај започнал на 14 мај 1811, една година по Мајската револуција во Буенос Аирес, кога била создадена локална владејачка хунта. Во почетокот на 1811 година парагвајските сили постојано ги поразувале аргентинските воени сили, кои пак ја сметале Парагвај за сепаратистичка покраина која сакала независност наместо да остане во федерацијата на скоро создадената држава Обединети Покраини на Рио де ла Плата (и двете биле составен дел на претходното Вицекралство Рио де ла Плата). Парагвајската Република била прогласена на 12 октомври 1813 година, а формалниот чин се случил на 25 ноември 1842. Парагвајската независност била зацврстена само по Парагвајската војна, настан кога Империјата Бразил се спротивставила на понудата на Аргентина за поделба и анектирање на Парагвај.