Невестата од Ламермур
Роман од Волтер Скот / From Wikipedia, the free encyclopedia
Невестата од Ламермур (анг: The Bride of Lammermoor) ― историски роман од Волтер Скот, објавен во 1819 година. Дејството на романот се одвива на Ламермуршките Ридови во Југоисточна Шкотска, непосредно пред Актот за Унија од 1707 година (во првото издание), или кратко по Актот (во изданието од „Магнум“ од 1830 година). Во романот се раскажува за трагичната љубовна врска помеѓу младата Луси Ештон и непријателот на нејзиното семејство Едгар Равенсвуд. Скот навел дека се заснова на вистински настан. Невестата од Ламермур и Легендата за Монтроуз биле зедно анонимно објавени како трет дел од серијата Приказни за мојот сопственик од Скот. Врз основа на овој роман напишано е либретото за операта Лучија од Ламермур на Доницети од 1835 година.
Кратки факти Автор, Земја ...
Равенсвуд и Луси крај Фонтаната на сирените од Чарлс Роберт Лесли | |
Автор | Волтер Скот |
---|---|
Земја | Шкотска |
Јазик | Англиски, Шкотски |
Серијал | Приказни за мојот сопственик |
Жанр | Историски роман |
Медиум | Печат |
Страници | 269 (Единбуршка едиција, 1993) |
Претходна | The Heart of Mid-Lothian |
Следна | A Legend of the Wars of Montrose |
Затвори