Невадо дел Руис
From Wikipedia, the free encyclopedia
Невадо дел Руис, Месеја де Ервео[4] или Кумандај,[5] — вулкан кој се наоѓа на границата на департманите Калдас и Толима во Колумбија, на околу 129 километри западно од главниот град Богота. Невадо дел Руис е стратовулкан, составен од многу слоеви на лава, вулканска пепел и други пирокластични карпи. Невадо дел Руис е активен околу два милиони години, од раниот плеистоцен или доцниот плиоцен, со три големи еруптивни периоди. Сегашниот вулкански конус бил формиран за време на овој еруптивен период, односно пред 150 илјади години.
Невадо дел Руис | |
---|---|
Месеја де Ервео, Кумандај | |
Поглед кон планината во 2007 година | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 5321 м [1] |
Истакнатост | 2035 м [2] |
Заведена како | Ultra |
Координати | 04°53′43″N 75°19′21″W [1] |
Друго име | Месеја де Ервео, Кумандај |
Географија | |
Место | Калдас и Толима, Колумбија |
Матичен венец | Анди |
Геологија | |
Старост на карпата | плеистоцен-холоцен |
Вид | стратовулкан |
Вулкански лак/појас | Тихоокеански Огнен Појас |
Последен избув | декември 2014 до јуни 2016 (во тек) |
Искачување | |
Прво освојување | 1936[3] |
Вулканот обично создава плиниски избув, кој произведува брзи движечки струи на топол гас и карпа наречени пирокластични текови. Овие ерупции честопати предизвикуваат масивни лахари (течење на кал и остатоци), кои претставуваат закана за човечкиот живот и за животната средина. Влијанието на таквата ерупција се зголемува, бидејќи топлиот гас и лавата се топат со снежната покривка на планината, додавајќи големи количини на вода до потокот. На 13 ноември 1985 година, мала ерупција произвела огромен лахар која го уништила градот Армеро во Толима, предизвикувајќи околу 25.000 смртни случаи. Овој настан подоцна станал познат како Армерска трагедија - најсмртоносниот лахар во запишаната историја. Слични, но помалку смртоносни инциденти се случиле во 1595 и 1845 година, што се состоеле од мала експлозивна ерупција проследена со голем лахар.
Вулканот е дел од Националниот природен парк Лос Невадос, кој исто така содржи и неколку други вулкани. Врвот на Невадо дел Руис е покриен од големи ледници. Вулканот и понатаму претставува закана за околните градови и села, а се проценува дека до 500.000 луѓе би можеле да бидат изложени на ризик од идни ерупции.