Нева
река во Русија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Нева (руски: Нева́) — значајна река во северозападна Русија што тече од езерото Ладога низ западниот дел на Ленинградската област (историската област Ингрија), па сè до Невскиот Залив во рамките на поголемиот Фински Залив. И покрај скромната должина (74 км), Нева е трета река во Европа по полноводност (по Волга и Дунав).
Нева | |
Река | |
Нева и Петропавловската тврдина | |
Земја | Русија |
---|---|
Регион | Ленинградска област, Санкт Петербург |
Притоки | |
- леви | Мга, Тосна |
- десни | Охта |
Градови | Шлиселбург, Кировск, Отрадное, Санкт Петербург |
Извор | ез. Ладога |
- височина | 4,3 м |
- координати | 59°57′10″N 31°02′10″E |
Утока | Невски Залив |
- височина | 0 м |
- координати | 59°57′50″N 30°13′20″E |
Должина | 74 км |
Слив | 281.000 км2 |
Истек | во устието |
- просечен | 2.500 м3/с |
Ова е единствената река со извор во езерото Ладога. Тече низ градот Санкт Петербург, трите помали града Шлиселбург, Кировск и Отрадное и поголем број на села. Пловна е по целото течение и сочинува дел од Волго-балтичкиот и Беломорско-балтичкиот канал. Во поречието се случиле бројни историски настани, меѓу кои и Невската битка во 1240 г. (во чија чест кнезот бил наречен Александар „Невски“), основањето на градот Санкт Петербург (1703) и Опсадата на Ленинград (1941-1944).