Националниот музеј на киното
From Wikipedia, the free encyclopedia
Националниот музеј на киното е музеј кој се наоѓа во Торино сместен во симболот на градот, Моле Антонелиана. Музејот се развива во нагорна линија, на неколку изложбени нивоа, давајќи живот на презентацијата полна со збирки што ја следи историјата на кинематографијата од нејзиното пронаоѓање па сè до денес.[1] Во амбиент на сценографија, проекции и игри на светлина, збогатени со изложба на фотографии, скици, постери и предмети од периодот, маршрутите за посета даваат живот на презентацијата која ви овозможува од прва рака да ги откриете тајните скриени зад видеокамератата и фази кои претходат на проекцијата на филмот. Музејот ја содржи и ја илустрира целата историја на кинематографијата во интерактивен маршрут: од театарот на сенки и првите фасцинантни магични фенери кои ја сочинуваа праисторијата на „седмата уметност“, до најспектакуларните специјални ефекти на денешницата.[2]
Во 2022 година примил 567 182 посетители, што го прави еден од најпосетуваните музеи во Италија.[3]