Национален парк Каналски Острови
From Wikipedia, the free encyclopedia
Национален парк Каналски острови — национален парк кој се состои од пет од осумте острови на Каналските острови крај тихоокеанскиот брег на американската држава Калифорнија. Иако островите се близу до брегот на густо населената држава, тие се релативно неразвиени. Паркот зафаќа 249.561 хектар површина, од кои 79.019 хектари се федерална земја. Заштита на природата поседува и управува со 76% од островот Санта Круз, најголемиот од осумтемина.
Национален парк Каналски острови | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Место | Калифорнија, САД |
Најблизок град | Санта Барбара |
Координати | 34°0.5′N 119°25.0′W |
Површина | 100.991 ха[1] |
Воспоставен(а) | 5 март 1980 (1980-03-05)[2] |
Посетители | 366,250[3] |
Управно тело | Служба за национали паркови на САД |
Мрежна страница | Национален парк Каналски острови |
Островите се дом на значителни природни и културни ресурси, што резултира со неколку назнаки. Островите Анакапа и Санта Барбара биле програсени како национален споменик во 1938 година. Сите осум острови станале биосферен резерват под заштита на УНЕСКО во 1976 година.[4] И пет - Анакапа, Санта Барбара, Санта Круз, Сан Мигел и Санта Роса - биле припоени на новиот национален парк на 5 март 1980 година.[5] Од нив, сите освен Анакапа се во округот Санта Барбара, а другите се во округот Вентура.