Народно собрание на Бугарија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Народното собрание е државен орган, што ја врши законодавната власт во Република Бугарија. Според Трновскиот устав во Бугарија има Обично народно собрание и Големо народно собрание, а потоа зборот „обично“ отпаѓа од името на органот.
Народно собрание Народно събрание | |
---|---|
49. Народно собрание | |
Тип | |
Тип | |
Историја | |
Основан | 10 февруари 1879 (1879-02-10) |
Водство | |
Претседател | |
Состав | |
Места | 240 |
Политички групи | |
Мандат | 4 години |
Избори | |
Изборен систем | пропорционална застапеност |
Последни избори | 2 април 2023 |
Следни избори | не порано од 2027 |
Мото | |
Единството создава сила! | |
Зборно место | |
Зградата на Народното Собрание во Софија | |
Мрежно место | |
parliament.bg |
Народното собрание е единствен законодавен орган во Република Бугарија. Собранието се формира со третата глава на бугарскиот устав од 1991 г. (од чл. 62 до чл. 91). Во Република Бугарија НС е врховен претставнички орган на државната власт, што ја претставува волјата на народот и неговиот суверенитет. Се состои од 240 народни пратеници, а Големото народно собрание од 400 пратеници избрани на општо, рамно и преку избирачко право со тајно гласање за рок од 4 г. Од својот состав се избира претседател на парламентот, заменик-претседател на парламентот и парламентарни комисии. Народното собрание е постојано-дејствувачки орган. Собранието ја врши законодавната власт и парламентарната контрола. Народното собрание ги донесува, изменува, дополнува и менува законите, го донесува државниот буџет, ги определува даноците и нивниот размер, донесува одлуки за распишување на национален референдум, избира премиер и по негови предлози Министерскиот совет, создава и преобразува министерства (по предлози на премиерот), ги избира раководителите на Бугарската народна нанка и на други институции определени со законот, да одлучува за војна и мир, да одлучува за воена или друга вонредна состојба по предлози на претседателот или на Министерскиот совет, дава амнестија, распишува ордени и медали, одлучува за официјалните празници и така натаму. Народното собрание ги ратификува и донесува меѓународните договори предвидените во Уставот на Република Бугарија. Донесува закони, одлуки, декларации, резолуции, препораки и заклучоци.