Наочаресто грмушарче
From Wikipedia, the free encyclopedia
Наочарестото грмушарче (науч. Sylvia conspicillata) е мала врапчевидна птица од семејството грмушари (Sylvidae), родот грмушарчиња (Sylvia). Се размножува низ северозападна Африка, југозападна Европа од Пиринејскиот Полуостров до Италија, и понатаму на исток до источните средоземни острови и крајбрежниот регион. Ја има и во Македонија. Во Африка таа е постојан жител, но другите популации се преселници кои зимуваат во северна и западна Африка и во Египет. Оваа птица е редок скитник во северна и западна Европа.
Кратки факти Наочаресто грмушарче, Заштитен статус ...
Наочаресто грмушарче | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Грмушари |
Род: | Sylvia |
Вид: | Наочаресто грмушарче |
Научен назив | |
Sylvia conspicillata (Temminck, 1820) | |
Затвори