Накит
From Wikipedia, the free encyclopedia
Накит претставува украсување на човечкото тело со разни изработени предмети, како: брошеви, прстени, ѓердани, обетки и белегзии. Имајќи предвид неколку исклучоци, како што се медицинските белегзии за предупредување или воените метални идентификациски плочки, накитот обично се разликува од другите елементи за лично украсување бидејќи неговата примарна намера е да привлече внимание. Долги години човекот создава накит и го носи истиот- почнувајќи со 100,000 години старите монисти направени од Nassarius школки кои се воедно и најстариот накит за кој денес се знае.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Накитот може да се прави од различни видови материјали но скапоцените камења, скапоцените метали, монистите и школките се оние кои се широко распространети. Во зависност од културата и времето во кое живееме, накитот може да се цени како статус симбол, благодарение на неговите материјални својства, неговите дезени или како симбол со значење. Накитот се создава за да го разубавува секој дел од делото, од шнола до прстен за ножните прсти.
Самиот збор накит води потекло од зборот jewel, на кого му придале англиски одлики и кој потекнува од старофранцускиот “joiel” и од латинскиот “jocale” со значење играчка. Во Британско-англискиот јазик зборот накит може да се спелува како jewelery или jewellery, додека во Американско-англискиот како jewelry.