Наизменична струја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Наизменична струја - физичка појава при која текот на електричниот полнеж периодично ја менува насоката на течење. Англиските скратеници AC (Alternating Current) и DC (Direct Current) често се користат за означување на наизменична и еднонасочна струја и напон.[1][2]
Електричната енергија им се испорачува на крајните потрошувачи (деловни и приватни) во облик на наизменична струја. Вообичаениот бранов облик на наизменичната електрична енергија е синусоиден бранов облик. Во одредени примени, се користат и други облици како триаголниот и квадратниот бранов облик.
Често аудио и радиосигнали се пренесуваат преку електрични водови и тие се пример на наизменична струја. Во овие примени, целта е да се добие назад информацијата кодирана (или модулирана) во наизменичниот сигнал.