НБА Руки на годината
From Wikipedia, the free encyclopedia
НБА Руки на годината е годишна награда во НБА која се доделува на најдобриот руки играч во регуларниот дел од сезоната. Добитникот на наградата, добива трофеј познат по името Еди Готлиб трофеј наречен по Еди Готлиб - тренерот кој ја предводел екипата на Филаделфија Вориорс до титулата во првата НБА сезона (1946-1947) во историјата на лигата. Наградата се доделува од сезоната 1952-1953.
Последниот добитник на наградата е Лука Дончиќ. Дваесет и еден играч од победниците биле први пикови на драфтот. Шеснаесет победници исто така ја освоиле и наградата Најкорисен играч во НБА (МВП) во нивните кариери; а само Вилт Чембрлен и Вес Анселд ги добиле и двете почести во истата сезона. Деветнаесет од четириесет и двајцата неактивни победници се избрани во Кошаркарската куќа на славните. Три сезони имале два добитника кој ја поделиле наградата - Дејв Кауенс и Џеф Петри во сезоната 1970-1971, Грант Хил и Џејсон Кид во сезоната 1994-1995, и Елтон Бренд и Стив Френсис во сезоната 1999–2000.[1] Петмина играчи ја освоиле наградата едногласно (со добивање на сите гласови од првото место) - Ралф Сампсон, Дејвид Робинсон, Блејк Грифин, Демијан Лилард, и Карл-Ентони Таунс.[2]