Мрша
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мрша е поим кој се однесува на труп од умрено животно.
Мршата е важен извор на исхрана на поголемите месојади и сештојади во целиот екосистем. Животни кои се хранат со мрши се, на пример: хиените[1], мршојадните птици (мршојадци, орли, соколи)[2], тасманскиот ѓавол[3], најголемиот жив гуштер комодскиот варан[4], којотите[5], црната мечка, итн. Многу безрбетници , исто така, се харнат со мрши. Како на пример, белите црви (ларвите од мувите) и некои видови муви се хранат со мрша и играат важна улога во разградувањето на остаотците од мртвите животни. Мршата почнува да се распаѓа од моментот на смртта на животното. Како поминува времето, привлекува сè поголем број инсекти и станува плодна почва за развој на бактерии. Не многу долго по смртта, телото добива непријатен мирис предизвикан од присуството на бактериите и испуштањето на биогени амини - кадаверин и путрескин.
Некои растенија (цвеќиња) и габи мирисаат слично на мрша за да привлечат инсекти кои помагаат во опрашувањето.